Германија се соочува со ксенофобија, левичарски екстремизам и нетолеранција

Од:

Најпосакуваната земја за бегалците и за економските мигранти од целиот свет се соочува со голем пораст на непријателствата кон странците, на екстремизам од страна на левичарските организации и со општа нетолеранција, се наведува во извештајот „Статус на германското единство“ објавен по повод 25 години од обединувањето на земјата.

За политичарите најголеми закани се ксенофобијата и бавниот економски раст на источниот дел од земјата, јави дописникот на МИА од Берлин. Во делот од Германија кој што беше во составот на Демократска Република Германија параметрите за економски раст, приходи, здравствени услуги и должина на живот се далеку полоши од западниот дел од земјата.

Според германските медиуми миграцијата на образуван кадар од странство и од ЕУ би можело да ги намали демографските проблеми кои што се огромни и да ја намали староста на населението што е еден од најголемите проблеми за економијата.

Според извештајот освен Берлин во сите други источни држави има најмал број на странци, а сепак овој дел од земјата води според бројот на антимигранстко насилство.

Германските безбедносни агенции сметаат дека на западот од земјата има по околу 10,5 екстремистички напади на секој милион жители. Во источните држави Мекленбург Форпомен и Брандербург во последната година се забележани околу 58 односно 52 напади на секој милион жители.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија