Германија се соочува со демографска „ѓаволска спирала“

Од:

Најсилната економија во Европската унија е тргната кон демографски амбис, кој доколку нешто не се промени до 2060 година ќе предизвика намалување на населението за 20 милиони граѓани или колку што во моментов има Романија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Во анализата на весникот „Економист“ се вели дека ниту бранот имигранти што во 2011 година го запре овој тренд, не може да ја промени сликата за земјата во која мајките и децата уживаат бенефити какви што има во малку други земји.

Како функционира оваа демографска „ѓаволска спирала“, објаснува Андреас Мемерт, градонначалник на малиот град Шладен-Верла во Долна Саксонија, сместен во близина на некогашната граница меѓу Западна и Источна Германија. Според Мемерт, за 15 годинни градот ќе загуби една третина од својата популација, а како што се намалува бројот на жители така се затвораат автобуските линии, училишта, банки, продавници…

– Прво заминнуваат младите и умните, а откако животот ќе стане потежок за другите, помалку мобилни, и тие се селат, вели Мемерт.

Тие што остануваат, според Рајнер Клингхолц од беринскиот Институт за популација и развој, се херои затоа што мораат да се борат за да го задржат квалитетот на животот. Некои од нив на волонтерска база започнуваат превоз со комбиња за да ги заменат автобусите, некои ги префрлаат сервисите на државната администрација и приватните бизниси во исти простории. Тие се обидуваат да се изборат со бирократијата која ја прават флексибилна.

Еден од тие „херои“ е и градоначалникот Мемерт, кој успеа на градот кој остана без доктори и медицинска заштита да му донесе лекари од други блиски градови, кои работат по еден или два дена во неделата во поранешниот трговски центар во Шладен-Верла и така да не ја изгубат работата во своите градови.

Мемерт успеал да ја обеди докторската асоцијација да издаде довола за такво нешто иако тоа било спротивно на законот.

– Беше тешко да се победи бирократијата која што предвидува физиотерапевтите да користат посебен влез иако никој не разбира зашто е тоа така, вели Мемерт, кој по триумфот да обезбеди лекари за своите граѓани вели дека во Германија се уште важи старата изрека „Државата е паметна – граѓаните се глупави“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија