Германија се плаши од прилив на чеченски исламисти кои се префрлаат преку Чешка

Од:

Во Германија, значително се зголемуваат барањата за азил од страна на Чеченци, меѓу кои има и лидери на исламската терористичка група „Кавкаски Емират“, а кои најчесто доаѓаат преку Чешка, објави германскиот весник „Ди велт“.

Според германските тајни служби, во земјата сега има околу 200 приврзаници на водачот на „Кавкаскиот емират“, Доку Умаров, најбараниот терорист во Русија, кој неодамна се закани со напади при Олимпијските игри во рускиот град Сочи.

– Речиси сите врвни претставници на „Кавкаскиот емират“ во Германија дошле неодамна како апликанти за азил, цитира весникот изјава на неименуван службеник на внатрешните тајни служби.

Тој додава дека таквите лица собираат пари и врбуваат борци за војна на Кавказот.

Германските служби алармираат дека е евидентно е зголемен бројот на бегалци од Чеченија од почетокот на годината.

Колку за споредба, ако лани, азил барале 3.200 лица од Руската федерација, од нив Чеченци биле 70 проценти. Последните шест месеци, има над 10.000 баратели на азил од Русија, а 90 проценти меѓу нив се Чеченци.

Иако главната траса за премин во земјата им е преку Полска, има многу кои доаѓаат и од Чешка, и тоа преку Украина, Молдавија, Романија или Бугарија.

Чешката Служба за безбедност (БИС) не се изјасни конкретно во врска со можното префрлување на чеченски исламисти преку Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

– Доколку добиеме податоци дека на наша територија доаѓа до активности, кои можат да придонест за загрозување на безбедноста на соседна земја(или некоја членка на ЕУ) можам да ве уверам дека такви информации секогаш неодложно ги предаваме на партнерските разузнавачки служби на одредената земја, вели Јан Шуберт за Чешката информативна агенција, ЧТК.

Загриженоста на Германија се гледа и од предлогот, потенцијално опасните баратели на азил од Чеченија да се сместуваат во специјални објекти кои се под постојан надзор.

Според „Ди Велт“ поради можни напади од страна на чеченски исламисти, изминатите недели неколкупати се сретнале претставници на германските и руските тајни служби и разговарале за можни терористички мрежи од Кавказот, кои можат да се рашират во Германија.

Во мај, руската служба ги информирала своите германски колеги дека дошла до телефонски разговор на исламист од Кавказот во Сирија, во кој шифрирано се зборувало за „операција во Германија“.

Веднаш потоа, Германската тајна служба идентификува 18-годишно момче од Чеченија кое живее во Берлин како можен учесник во акцијата.

Би можело да ве интересира

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“

Ројтерс: Германија ќе ја поддржи Украина и покрај колапсот на владејачката коалиција

Горан Наумовски

Хорор во Дортмунд: Македонец ја избодел поранешната партнерка пред трите деца

Катерина Ѓуровски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг