Германија се крева против радикалниот ислам

Од:

Десетици илјади Германци се очекува да протестираат денеска во неколку германски градови, во знак на протест против радикалните исламски организации, кои имаат се поголоемо влијание на социјалниот, верскиот и политичкиот живот во најмоќната земја на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, т.н. ПЕГИДА демонстрации се случуваат секоја недела на улиците на главниот град на Саксонија, Дрезден и се насочени, како што тврдат демонстрантите, против „исламизацијата“ на Европа. Слични протести се случуваат и во Касел, Вурцбург, Бон и Дизелдорф. Нив ги организира групата која се нарекува „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“.

Овие луѓе кои минатиот понеделник беа околу 10,000 на број само во Дрезден ја продолжуваат традицијата на протести против коммунистичкиот режим пред падот на железната завеса. Последниве неколку недели се забележува рапидно зголемена поддршка што се должи на информациите за активностите на ИД и Ал Каеда на разни локации во светот, но и на зголемената нетрпеливост кон активностите на радикалните исламски организации во Германија.

– Досега ниту една партија која што ги критикуваше ЕУ, исламот у имиграцијата не успеа да влезе во Парламентот, но работите се менуваат. Германците почнуваат да разбираат дека барањето за реформи на исламот и ограничување на исламското влијание не е прашање на расизам или нацизам, туку дека е прашање на преживување и иднина за идните генерации на немуслимани и секуларни муслимани кои што се принудени да живеат според шеријатот. Германија е најсилната земја во ЕУ, само со германска помош можеме да запреме политиката на отворени граници и бескрајната муслиманска имиграција. Кој било друг во некоја друга земја да започне слични демонстрации ќе биде прогласен за вистински историски херој, смета Николаи Шенелс, дански психолог, кој е еден од идеолозите на тезите, што меѓу муслиманите, но и дел од христијаните во Германија, се сметаат за исламофобија базирана на нацистичките тези.

Но, без разлика што е причината за протестите тие се се помасовни од недела во недела. Исто како што расте бројот на контрадемонстрантите. Членовите на ПЕГИДА велат дека тие не се насочени против никого, што ако се гледа низ призмата на нивните интернет соопштенја е точно.

– На протестите се добредојдени сите луѓе, без разлика на нивната религија или нација, се вели во една објава на нивната страница на Фејсбук и се додава: „Ние сакаме да ги зачуваме нашето слободно мислење, нашиот отворен и слободен животен стил за сите луѓе кои што живеат во Европа“.

На оваа реторика се надоврзаа и екстремни групи кои велат дека нема да прифатат никакви активности „на Исламската држава, ПКК, Ал Каеда или некоја друга радикална организација“. Оваа порака од екстремистите е чудна затоа што Курдската работничка партија (ПКК) во Турција не настапува од исламски, туку од левичарски позиции и на оваа листа може да влезе само поради тоа што иако активна, таа законски е забранета во Германија.

Се поголемиот број на поддржувачи на демонстрантите носи и поголем број на барања. Па така, од почетната теза за заштите на европскиот начин на живот која што беа придружена со изолирани пресметки со Курди и муслимани Сунити, сега можат да се слушнат и скандирања кои што се однесуваат на други теми освен „исламизација“. Злоупотреба на азилот, зачувување на германскиот идентите дури и „рана сексуализација на децата“ станаа дел од дебатата, што се повеќе се шири пред се на интернет, но и во класичните германски медиуми.

Според пописот спроведен во 2011 година, 1,9 отсто од населението или околу 1,5 милони граѓани на Германија се муслимани. Сепак според исламски групи оваа бројка не е точна, затоа што многу од муслиманите го користат правото да не одговорат на прашањето од графата за верска припадност.

Интернет порталот Еуроислам тврди дека во земјата живеат околу 4,3 милиони муслимани или 5,4 проценти од населението. Од нив речиси два милиони се германски државјани. Околу 15 илјади Германци христијани од 2006 година конвертирале во ислам, а според германската статистика во 2005 година 9,1 отсто од новородените во Германија имаат родители муслимани.

За овие бројки засега никој од демонстрантите не говори јавно затоа што со тоа ќе го привлече гневот на обичните Германци и на политичарите, но сите се согласуваат дека токму тие бројки се причината за протестите кои што почнаа да носат и насилство. Германската канцеларка Меркел минатата недела директно го осуди насилството што произлегува од протестите, наведувајќи дека се гордее со германската политика на отвореност кон странците без разлика на нивната религија или националност.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија