Германија пред одлука за целосен прекин на воздушниот сообраќај поради пандемијата

Од:

Германија планира да го стопира меѓународниот воздушен сообраќај поради пандемијата со Ковид-19, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

– Опасноста од различните мутации на вирусот бара во рамките на Владата да разгледаме и да разговараме за драстични мерки, меѓу кои и намалување на воздушниот сообраќај во правец на Германија практично на нула, како што направи Израел, посочи Зехофер.

Тој додаде дека граѓаните на Германија ги прифаќаат рестриктивните мерки, а од Владата очекуваат да ги заштити што е можно подобро од експлозија на бројот на заразени лица.

Претходно и германската канцеларка Ангела Меркел ја спомна можноста за стопирање или значително намалување на меѓународниот воздушен сообраќај.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина