Германија пред десет години продала хемикалии на Сирија

Од:

Германската влада потврди дека пред десетина години, Берлин дозволил на Сирија да и се продадат хемикалии, за кои медиумите тврдат дека можеле да се употребат за производство на хемиско оружје.

Во одговорот на прашањето на пратеникот од радикалната партија „Левичари“, Министерството за стопанство одговорило дека Берлин навистина во периодот од 2002 и 2006 година, одобрил извоз на повеќе десетици тони натриум хлорид и флуороводород, пренесе „Курир“.

-Таа одлука е донесена по детална анализа. Извозот на хемикалиите во Сирија го одобри владата на социјалдемократите и екологот Герхард Шредер, а потоа и „големата коалиција“, конзервативци-социјалисти-демократи, во текот на првиот мандат на канцеларката Ангела Меркел, стои во соопштението на германското министерството.

Владините извори наведуваат дека истите може да се користат за преработка на метал или за производство на паста за заби.

Државната телевизија „АРД“, пренесе дека хемикалиите се дел од состојките кои се користат за производство на нервниот отров сарин, за кој експерти на ОН утврдија дека е употребен во нападот во Дамаск.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија