Германија потврди дека има склучено договор со американските тајни служби

Од:

Германската Влада потврди дека има склучено договор со американските тајни служби, објави електронското издание на германскиот весник „Рајнишен пост“.

– Таквиот договор е таен, но е во согласност со германското право и закон, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, цитиран од „Франкфуртер алгемајне“.

Зајберт нагласи дека германската разузнавачка служба „одамна“ работи со американската Национална безбедносна служба (НСА).

Германската опозиција ја повика канцеларката Ангела Меркел да објасни за учеството на Германија во тајниот американски проект за прислушување.

Поранешниот советник во ЦИА Едвард Сноуден изјави дека „шпионите на НСА заедно работаат со Германците и со поголемиот број западни држави“.

Тој тврди дека НСА им обезбедила на Германците „инструменти за анализа“ за податоците од Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија