Германија: Полицијата одзеде 40 деца од христијанска секта

Од:

Германската полиција изврши две рации во близина на градовите Дајнинген и Верница, при што од христијанската секта „12 племиња“ одзеде 40 деца, за кои се тврди дека се злоставувани и физички малтретирани.

Вкупно 28 деца полицијата одведе од еден манастир од првата и дванаесет од втората локација во Верница, по што ги предаде на хранителски семејства.

Повикувајќи се на германските агенции, „Франс прес“, пишува дека локалните официјални лица изјавиле дека рацијата во која што учествувале повеќе од стотина полицајци е изведена по новите докази кои укажуват дека членовите на сектата во голема мерка и континуирано ги злоставувале децата.

Оваа христијанска група, која што себе си се дефинира како Духовно богатство, од порано има проблеми со власта, поради тоа што нејзините членови одбиваат да ги испраќаат нивните деца во државните училишта.

Според изјавите на очевидци, во текот на полициската акција членовите не давале отпор, туку само ги отфрлале обвиненијата.

-Ние сме отворена и транспарентна заедница, која што не толерира никаков облик на злоставување на децата. Нашите деца се воспитани во духот на милосрдието, се наведува во соопштението на сектата која што е основана во САД.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија