Германија подготвува мерки за азиланти од Западен Балкан

Од:

Германија до крајот на годината подготвува законски мерки со цел решавање на проблемот со лажните азиланти од Западен Балкан, изјави во интервју за „Билд“ Петер Алтмајер, вршител на должност германски канцелар, кој во моментот ја менува Ангела Меркeл поради летниоt одмор.

Алтмајер рече дека сојузната Влада, заедно со германските покраини во моментот работи на мерки кои ќе бидат усвоени најдоцна до крајот на годината.

Иако не прецизираше за кои мерки точно се работи и дали тие предвидуваат евентуално воведување визи, Алтмајер изрази надеж дека планираните мерки ќе доведат до решавање на проблемот на овие азиланти.

– Не можеме да прифатиме да ни доаѓаат луѓе од земји во кои нема диктатура, во кои нема војна и кои дури преговараат за членство во ЕУ! Веќе ја проширивме листата на сигурни земји на Србија, Македонија и БиХ и преземавме други мерки кои ќе дадат резултати. Навалицата од Косово практично ја запревме, но наспроти тоа, вкупниот број и натаму е во пораст, рече Алтмајер.

Тој нагласи дека за време на летниот одмор ќе биде завршен основниот концепт на „ефективни мерки“ за да се запре навалицата на имигранти од ЗБ, а една од мерките е ставање на листата на сигурни земји на Црна Гора, Албанија и Косово.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он