Германија: Околу 700 полицајци во рација против неонацисти и екстремни десничари

Од:

Околу 700 германски полицајци учествуваа денеска во рација против членови на десничарската и неонацистичка организација „Фрајес нез зид“ (ФНС) формирана 2008 година, пренесуваат германските медиуми.

Групата е активна во Баварија, а причина за денешната рација е обезбедување материјали за забрана на ФНС, за што минатата година во Минхен се изјаснија сите политички партии во покраинскиот парламент.

Портпаролот на покраинската криминалистичка служба соопшти дека е извршен претрес на еден стан во градот Фирт, во близина на Минхен.

За резултатите од полициската акција во текот на денот се очекува да се обрати покраинскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија