Германија одбележува 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Од:

Во германскиот главен град Берлин денеска ќе се одржи централната манифестација во одбележувањето на 25-та годишнина од уривањето на Берлинскиот ѕид, кој беше симбол на поделбата на Европа во текот на Студената војна.

На свеченоста ќе учествуваат голем број германски политичари, меѓу кои и претседателот Јоахим Гаук и канцеларката Ангела Меркел, како и повеќе гости од странство.

Претпладнево Гаук ќе го посети Меморијалниот комплекс во улицата „Бернауер“, каде во знак на сеќавање е зачуван дел од Ѕидот. Гаук ќе положи цвеќе за загинатите при обидите за бегство на Запад и ќе присуствува на литургија во блиската црква.

Во изложбениот дел на комплекстот во „Бернауер“, канцеларката Меркел ќе отвори излоба под наслов „1961-1989. Берлински ѕид“.

Во концертната сала на полштадот „Жандармнмаркт“ денеска ќе се оджри свечена академија, а вечерв кон небото ќе бидат пуштени 6.880 светлчки балони, кои ќе бидат наредини долж линијата на која се наоѓал Ѕидот, со што симболично ќе биде прикажано неговото исчезнување. При пуштањето на балоните, симфониски оркестар пред Бранденбуршката порта ќе ја свири Одата на радоста од Бетовен.

По повод уривањето на Ѕидот, вчера во Берлин се одржа научна конференција под насив „Паѓањето на ѕидовите“, на која говореше и германската канцеларка Ангела Меркел, при што нагласи дека пред 25 години жителите на германскиоѕ главен град „создавале историја“.

– Човековиот стремеж кон слободата не може да биде потискуван долго време, нагласи Меркел, додавајќи дека „за добивање на слободата е потрена храброст, но храброста е потребна и за да се користи слободата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија