Германија: Од 2014. година се очекуваат до 180 илјади романски и бугарски работници годишно

Од:

Германската федерална Агенција за труд очекува од 2014 година во Германија да пристигаат меѓу 100 илјади и 180 илјади романски и бугарски имигранти годишно, изјави директорот на агенцијата Франк-Јурген Вајзе за Рајнише-пост.

Во контекст на укинувањето на ограничувањта на пазарот на трудот во 2014 година, „очекуваме доаѓање на 100 илјади до 180 илјади романски и бугарски работници“, изјави претставникот на Агенцијата.

Вајзе прецизира дека во секоја од изминатите години во Германија доѓале околу 100 илјади имигранти повеќето квалификувани од држави како Полска, Унгарија и балтичките држави. Во 2011 година од Романија и Бугарија во Германија дошле 112.000 работници. Вајзе вели дека државата има потреба од околу 200 илјади квалификувани работници секоја година.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија