Германија од 1 јануари ја презема командата над силите на НАТО со висока готовност

Од:

Германија од 1 јануари ќе ја преземе командата над воените сили на НАТО, кои се на високо ниво на готовност за вонредни ситуации, јави агенцијата Анадолија.

Заедничката оперативна група со висока готовност (JTF), која е дел од силите за одговор на НАТО, а која беше активирана за првпат во историјата на Алијансата по рускиот напад врз Украина во февруари оваа година, се состои од околу 11.500 војници.

Во текот на 2023 година, Германија ќе ја преземе командата над овие сили на НАТО од Франција, која ги предводеше силите во 2022 година.

Белгија, Чешка, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Словенија ќе придонесат за силите кои по потреба се подготвени да одговорат на вонредни ситуации за само неколку дена.

Германија, исто така, за првпат ќе командува со специјалните сили во рамките на ВЈТФ.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, рече дека НАТО е решена да ја заштити секоја педа од територијата на сојузниците.

– Додека илегалната војна на Русија во Украина продолжува да ги загрозува мирот и безбедноста во Европа, не треба да постои сомнеж во решеноста на НАТО да го заштити и брани секој квадратен сантиметар од сојузничката територија. ВЈТФ е првиот сегмент од одговорот и клучен дел од нашата колективна одбрана. Германското раководство е силна демонстрација на нејзината посветеност и способности, рече Лунгеску.

Веднаш по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, некои елементи на силите за висока готовност на НАТО беа распоредени во Романија.

ВЈТФ е основана во 2014 година по анексијата на Крим од страна на Русија и настаните на Блискиот Исток.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија