Германија нема да брза со одобрувањето на вакцината против Ковид-19

Од:

Германија се одлучи за подолга постапка за одобрување на вакцината против Ковид-19 отколку онаа во Велика Британија, која итно ги одобри вакцините Фајзер и Бионтек, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

– Постојат земји-членки, вклучително и Германија, кои можат да издадат одобрување по итна постапка, доколку такво нешто сакаат. Но, ние сме против тоа и решивме за заеднички европски пристап за да одиме заедно напред, рече Шпан на прес-конференција, одговарајќи на прашањето за британската процедура за вакцината Фајзер.

Шпан рече дека е важно тоа да се направи за да се зголеми довербата во вакцината.

Велика Британија денеска стана првата земја во светот што одобри употреба на вакцина против коронавирус, развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“ и објави дека може да се користи веќе од следната недела.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД