Германија: Нападите на Израел врз Појасот Газа повеќе не можат да се оправдаат како борба против Хамас

Од:

Најновите напади на Израел врз Појасот Газа земаат данок врз цивилите и повеќе не можат да се оправдаат како борба против Хамас, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„Повредувањето на цивилното население до таков степен, како што се случува сè почесто во последните денови, повеќе не може да се оправда како борба против тероризмот на Хамас“, изјави тој за телевизијата WDR.

Тој рече дека планира да има телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оваа недела за да му каже „да не реагира претерувајќи“, иако, додаде, од „историски причини“, Германија секогаш би била повнимателна во своите критики од некои од нејзините европски партнери.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

„Гардијан“: Трамп планира да изгради воена база за 5.000 војници во Газа

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето