Германија најави зголемување на буџетот за одбрана

Од:

Германија му ветила на НАТО дека до 2024 година ќе ги зголеми средствата од буџетот наменети за одбраната на ниво од над 1,5 проценти од бруто домашниот производ, јави ДПА повикувајќи се на извори во седиштето на Алијансата во Брисел.

Според истите извори, германската најава за зголемување на средствата за потребите на Армијата, била содржана во стретешкиот документ доставен денеска до НАТО.

Американскиот претседател, Доналд Трамп досега во неколку наврати ги критикуваше европските земји членки на НАТО, а пред се Германија, поради неисполнување на обврските за издвојување на средства во висина од два отсто од нивните БДП за потребите на одбраната.

Само осум земји членки на НАТО ја исполнуваат оваа обврска, а меѓу нив водечки се САД, кои за одбраната издвојуваат средства во висина од 3,5 остто до својот БДП.

За разлика од оваа, Германија за потребите на армијата сега издвојува средства во висина од 1,24 проценти од својот БДП.

Би можело да ве интересира

Келог: Не можам да гарантирам продолжување на помошта за Украина, ќе одлучи Трамп

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио