Германија набавува 140 вооружени дронови од Израел за 152,6 милиони евра

Од:

Германија, по долги години дебата, првпат ќе добие беспилотни летала со оружје, изјавија денеска парламентарни извори.

Досега, германските вооружени сили имаа право да имаат само невооружени беспилотни летала за извидувачки цели, оставајќи им на другите сојузници да користат вооружени беспилотни летала на терен.

Собраниската комисија за одбрана денеска одобри купување на 140 вооружени беспилотни летала Херон ТП од Израел според договор вреден 152,6 милиони евра.

Беспилотните летала се очекува да бидат испорачани во рок од две години, од кои 60 ќе се користат за обука, а останатите 80 ќе се користат за „оперативно распоредување“.

„Безбедносната ситуација во Европа значително се промени со рускиот напад врз Украина“, се вели во документот на Министерството за одбрана претставен на парламентарната комисија.

„За да се спротивстави на новата закана, опремата на Бундесверот мора веднаш да се модернизира, особено вооружувањето на беспилотните летала Херон. Тоа е апсолутно неопходно, бидејќи во спротивно ќе бидат загрозени сериозни државни интереси од политичка природа и тоа е неприфатливо“, се додава во документот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД