Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Од:

Фридрих Мерц, кој најверојатно ќе биде новиот германски канцелар, во средата изјави дека се залага за трговија без царини меѓу САД и Европската Унија и рече дека 90-дневната пауза на царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп е доказ дека обединетиот европски пристап има позитивен ефект.

„Европејците се решени да се бранат и овој пример покажува дека единството најмногу помага“, рече Мерц во интервју за ТВ мрежата RTL Direkt откако неговиот конзервативен блок постигна коалициски договор со социјалдемократите, пренесе Ројтерс.

Мерц повика сите да прифатат целосно укинување на царините за трансатлантската трговија и оцени дека со тоа ќе се реши проблемот.

Би можело да ве интересира

САД: Не сакаме договор со Иран

Горан Наумовски

Трамп размислува за испраќање американски трупи во Иран

Трамп: Денес Иран ќе биде погоден многу силно

Трамп: Не инсистирам Иран да биде демократска земја

Трамп: Тотално ги уништуваме – побрзо од планираното

Трамп ги повика иранските сили да го положат оружјето, а граѓаните да се побунат