Германија: Курдските сили во Ирак се нападнати со хемиско оружје

Од:

Курдските сили во северниот дел на Ирак, кои се борат против екстремистите на групата Исламска држава (ИД), пред неколку дена биле нападнати со хемиско оружје, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.

– Извршен е напад со хемиско оружје југозападно од Арбил. Американски и ирачки експерти од Багдад тргнаа да дознаат што се случило, истакна портпарол на германското Министерство, додавајќи дека некои од курдските борци имале респираторни проблеми.

Според германските медиуми, за нападот се одговорни припадници на ИД, а кога станува збор за повредените тоа се Пешмерга борците, кои ги обучува германскиот Бундесвер.

Моментно 89 припадници на Бундесверот се ангажирани во мисијата за воена обука во северниот дел од Ирак.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски