Германија контра групата Г-20

Од:

Германија се противи на планот за фискална стимулација предложен од 20 финансиски најмоќни земји на светот, јави дописникот на МИА од Берлин.

Пред средбата на Г-20 во Шангај, министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле изјави дека веќе нема простор за монетарна политика и предупреди дека финансирањето на економски раст со нови долгови ги умртвува економиите.

– Понатамошните стимулации само ќе не дефокусираат од реалните проблеми, изјави Шојбле, кој бара економиите да прават забрзани реформи, противејќи се на планот на Г-20 за пакетот за фискална стимулација предложен од најразвиените земји на светот.

Шојбле со овие позиции директно се судира со политиката на САД, чиј секретар за Финансии Јакоб Лев пред средбата побара Г-20 да користи монетарна политика, фискални мерки и структурни реформи за да ја зголемат побарувачката.

Предходно, и Кина најави дека ќе го зголеми фискалниот дефицит.

Според Германија, ниската цена на нафтата веќе дала стимулација за поголема побарувачка, а зголемените фискални дефицити може да бидат вовед во нова финансиска криза.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија