Германија ќе ја помогне железницата со седум милијарди евра

Од:

Германија планира да му помогне на „Дојче Бан“ со седум милијарди евра, како дел од пакетот мерки за спасување на државниот железнички оператор погоден од пандемијата.

„Оваа сума би опфатила повеќе од половина од штетата предизвикана од падот на побарувачката за патувања како резултат на пандемијата, која „Дојче Бан“ ја проценува помеѓу 11 и 13,5 милијарди евра до 2024 година“, се наведува во предлогот на компанијата и германските министерства за финансии и сообраќај за доделување помош.

Транспортниот сектор е меѓу најтешко погодените од глобалната пандемија Ковид-19.

Иако возовите во Германија не прекинаа со работа, „Дојче Бан“ соопшти дека бројот на патници на долги релации е само околу 10 до 15 проценти од вообичаеното ниво.

Првата транша од владината финансиска помош од 4,5 милијарди евра треба да биде реализирана во наредните недели, иако Европската комисија допрва треба да го одобри предлогот, што може да го покрене прашањето за нарушување на пазарната конкуренција во железничкиот сектор на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија