Германија ќе форсира поцврст став на ЕУ кон Кина

Од:

Германија, која во јули го презема шестмесечното претседателство со Европската унија, најави дека ќе се залага за поцврст став на ЕУ кон Кина и ќе бара реципроцитет во односите со таа земја, потенцирајќи ги вредностите на ЕУ.

Во новиот нацрт-план на германското претседателство на ЕУ, кој го објави Ројтерс, се изразува желба да се развие соработка со Кина, како и да се работи на поголем реципроцитет во сите области опфатени со планот.

Спомнувањето на реципроцитет е резултат на поплаки од германски компании кои тврдат дека немаат пристап до кинескиот пазар во иста мерка како што им е дозволено на кинеските компании да работат на германскиот пазар.

„Политиката на сите институции и земји членки на ЕУ кон Кина треба да биде унифицирана, урамнотежена и ориентирана кон долгорочните заеднички интереси и вредности на ЕУ“, се наведува во планот напишан на 24 страници.

Зборот „вредност“ не постоел во претходната верзија на планот, подготвен во март, а неговото вклучување во новиот документ потенцијално сугерира посилен акцент на теми како демократија, човекови права и автономија на Хонг Конг, коментираат европски медиуми.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он