Германија ја забрани неонацистичката група Нордадлер

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја забрани десничарската екстремистичка група Нордадлер (Северен орел), јави Дојче веле.

Групата, која е активна главно на интернет, е четвртата крајнодесничарска групација која е забранета во Германија од почетокот на годинава. 

„Десничарскиот екстремизам и антисемитизмот немаат место на интернет“, напиша денеска на Твитер портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Стив Алтер.

Според Министерството за внатрешни работи, групата Нордадлер спроведува национал – социјалистичка идеологија и користи термини како „народна револуција“, „народна младина“, „народно општество“ и „народна преродба“. Нејзините членови го обожаваат Адолф Хитлер и другите нацистички водачи и користат симболи и речник типичен за нацистичкиот режим.

 

Би можело да ве интересира

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД