Германија ја продолжи за три месеци контролата на границите поради миграциската криза

Од:

Германија ја продолжи до средината на февруари контролата на границите поради миграциската криза, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

– Со оглед на тоа дека нема никаква значителна промена во приливот на мигрантите, контролите на границите ќе бидат продолжени за три месеци, се вели во соопштението. Продолжувањето стапува во сила од утре, 14 ноември.

Германија воведе контрола на границите кон средината на септември. Прво мерката беше воведена за еден месец, а потоа беше продолжена на два пати за уште по еден месец.

Кон крајот на минатиот месец германското МВР ја предупреди Европската комисија дека планира да ја продолжи за три месеци контролата на границите.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он