Германија ја испитува автентичноста на чекот од 70 милиони долари

Од:

Царинската служба во Германија денеска соопшти дека се обидува да ја утврди автентичноста на банкарскиот чек во вредност од околу 70 милиони долари, најден во рачниот багаж на ирански патник на аеродромот во Диселдорф, пренесе ДПА.

Чекот со вредност од над 300 милиони венецуелски боливари е издаден од Централната банка на Венецуела. Тој бил најден минатиот месец од цариниците, кога неименуваниот Иранец од Турција пристигнал на аеродромот во Диселдорф.

Според германскиот весник „Билд ам зонтаг“, Иранецот е Тахмашб Масахери, поранешен министер за финансии на Иран.

Британскиот „Дејли мирор“ го идентификува Иранецот како Тахмасб Мазахери, гувернер на Централната банка на Иран до 2008 година.

Цариниците, меѓутоа, одбија да го потврдат идентитетот на човекот, кој не е уапсен.

Тој веројатно на аердромот пријавил дека со себе носи помалку од 10.000 евра. Според правилата на ЕУ за внесување на банкноти и хартии од вредност во висина над 10.000 евра тие треба да бидат пријавени според мерката спречување на перењето пари и финансирање терористи, посочува ДПА.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија