Германија ја активираше првата фаза од планот за итни случаи за гас

Од:

Германскиот сојузен министер за економија Роберт Хабек ја активираше фазата на рано предупредување од таканаречениот „план за итни случаи за гас“.

Според планот за вонредни состојби, има три кризни нивоа. На првото ниво, предвидено е формирање на кризен тим кој ќе ја анализира и проценува состојбата со снабдувањето за – доколку е потребно – да се преземат дополнителни мерки за зголемување на безбедноста на снабдувањето.

„Во моментов нема тесни грла за снабдување“, вели Хабек , но „сепак, мораме да ги зголемиме мерките на претпазливост за да бидеме подготвени во случај на ескалација од страна на Русија.“

Според Министерството, целокупното снабдување на сите германски потрошувачи на гас во моментов е сè уште загарантирано. Сепак, отсега од секој потрошувач на гас – од бизнис до приватни домаќинства – исто така се бара да ја намали потрошувачката што е можно повеќе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува