Германија истражува 93-годишници за служба во СС единици

Од:

Германското обвинителство ги проверува сомнежите дека една 93-годишна Германка како чувар во СС трупите била дел од присилен марш на затворенички во кој умреле 1400 жени, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Паралелно со истрагата за Хилде Михниа во Хамбург во Хановер се води истрага за 93-годишен Германец кој е осомничен за помагање при убиство на 300,000 затвореници во логорот Аушвиц.

Истрагата за Михниа започнала минатата недела откако граѓанин поднесол приватна тужба што е дозволено со германските закони.

Михниа, која е осомничена дека била чувар во логорите Берген – Белсен и Грос – Росен за весникот Ди Велт вели дека не била инволвирана во нехумани акции туку дека работела во кујна.

Засега неименуваниот осомничен за помагање на убиство на 300 илјади луѓе а чие судење ќе започне во април во северниот град Луенеберг обвинителството смета дека тој бил одговорен за багажот на новодојдените затвореници во Аушвиц.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

Сиљановска Давкова повикува на традиционални посети на Треблинка во чест на македонските Евреи

Осумдесет години од ослободувањето на Аушвиц

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација