Германската армија (Бундесверот) денеска испрати уште една пратка со хуманитарна помош за Северен Ирак, истакна претставник на воено воздухопловните сили во Лајпциг.
Авионот Ан-124 „Руслан“ полетал од аеродромот Хале-Лајпциг со 60 тони храна и 8,5 тони лекови.
Првата пратка со осум тони хуманитарна помош за Ирак од Германија беше испратена на 15 август. Во Ирак таа е преземена од претставници на организациите на ОН, кои ја распределуваат меѓу населението.