Германија испраќа тенкови Леопард во Украина

Од:

Германија ќе испрати тенкови Леопард 2 во Украина и ќе дозволи нивен извоз од други земји, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.

Германија ќе испрати 14 целосно опремени тенкови во Украина.

Одлуката на Германија сега го отвора патот за Полска, Шпанија и Норвешка, кои претходно најавија дека се подготвени да испратат тенкови.

Германскиот канцелар Олаф Шолц објави дека одлуката за испорака на тенкови Леопард 2 на Украина „ја следи нашата добро позната линија на поддршка за Украина“.

Берлин „дејствува на меѓународно координиран начин“, се вели во соопштението.

Целта е брзо да се формираат два тенковски баталјони, се вели во соопштението и се додава дека Германија во првиот чекор ќе обезбеди 14 тенкови Леопард 2 од воените залихи.

Наскоро ќе започне обуката на украинските војници во Германија, а Германија ќе обезбеди и логистика и муниција, се вели во соопштението.

Германија ќе издаде соодветни дозволи за трансфер на земјите партнери кои сакаат брзо да ги испорачаат тенковите Леопард 2 од нивните залихи во Украина, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се слушнаа Шолц и Путин, разговорот траел еден час

Предраг Петровиќ

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Украина „психолошки“ се подготвува за преговори со Русија

Руте: Русија ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп