Германија им овозможи на родилките да се пријавуваат во болница под лажен идентитет

Од:

Германскиот кабинет го прифати предлог законот со кој жените кои се наоѓаат во несакана бременост, во болниците да можат да се породат под лажно име, пренесува Клик.ба.

Нацрт законот е направен со цел да се намалат небезбедните породувања и на мајките да им се даде можност да ги остават несакните новороденчиња во „кутиите за бебиња“.

Според овој закон, децата ќе можат да го дознаат идентитетот на мајката, откако ќе наполнат 16 години.

Бројот на оставени бебиња е пораснат низ цела Европа. Критичарите изјавија дека досегашната пракса децата ги лишуваше од нивниот идентитет и мајките ги охрабруваше да раѓаат на несигурни места, надвор од болниците.

Речиси 1,000 германски деца во периодот меѓу 1999 и 2010 година се родени анонимно или се сместени во „кутии за бебиња“, наведува босанскохерцеговачкиот портал.

Согласно новиот закон за доверливо породување, мајките кои раѓаат во болница ќе можат да дадат лажно име, а бебињата ќе бидат дадени на посвојување. Личните податоци ќе бидат сместени во пликови и 16 години ќе бидат чувани во централната агенција, кога детето ќе има можност да го открие идентитетот на својата мајка.

Доколку парламентот го прифати владиниот предлог, законот ќе почне да се применува од мај 2014 година.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија