Германија и натаму во мисијата на НАТО за противвоздушна одбрана на Турција

Од:

Германската Влада соопшти дека планира да го продолжи за уште една година своето учество во воената мисија на НАТО за противвоздушна одбрана на Турција, во чии рамки се распоредени противракетни системи „Патриот“ долж турско-сириската граница.

Владата на германската канцеларка Ангела Меркел ги одобри денеска плановите за продолжување на учеството на Германија во мисијата до 31 јануари 2016 година со максимум 400 војници. Моментно се ангажирани околу 240 германски војници.

Оваа одлука треба да биде одобрена од Парламентот.

Германија, Холандија и САД се вклучија во јануари 2013 година со по две батерии од системот „Патриот“ во напорите за заштита на турската граница. Германиските власти соопштија дека Холандија веројатно ќе ги повлече своите батерии до крајот на месецов, но се очекува Шпанија да се вклучи со една.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО