Германија ги става своите трупи во силите за брза реакција на НАТО во зголемена готовност

Од:

Германија ќе ги стави своите војници во силите за брза реакција на НАТО во зголемена готовност, овозможувајќи им побрзо да се распоредат за да ги заштитат источноевропските сојузници во случај на ескалација на тензиите со Русија, соопшти Министерството за одбрана во Берлин.

Одлуката, донесена во тесна соработка со сојузниците на НАТО, е реакција на однесувањето на Русија и има за цел да го намали времето потребно за подготовка за распоредување во случај на активирање на силите за одговор на НАТО (НРФ), соопшти Министерството.

„Зголемената подготвеност за распоредување му овозможува на НАТО, во случај на натамошна ескалација од страна на Русија, да гарантира соодветно уверување особено на нашите источноевропски сојузници со цел да се заштити сојузничката територија“, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ