Германија формираше кризен штаб по падот на авионот во Франција

Од:

Германската влада формираше кризен штаб по вестта за падот на авионот на компанијата Џерман вингс на француските Алпи, јави дописникот на МИА од Берлин.

Министерот за надворешни работи Франк – Валтер Штајнмаер ја потврди веста за инцидентот  и најави дека посебен истражен тим ќе замине на местото на несреќата и ќе ги анализира сите детали поврзани со трагедијата, во која покрај 45 шпански државјани најголем број од патниците се Германци.

Шефот на дипломатијата порача дека Германија е во блиски контакти со француските власти на кои им се заблагодари за поддршката. Претходно францускиот претседател Франсоа Оланд телефонски разговарал со канцеларката Ангела Меркел.

Нискобуџетната авиокомпанија Џерман вингс е дел од националната компанија Луфтханса чии стотици летови беа откажани минатата недела поради штрајкот на пилотскиот синдикат.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски