Германија e лута поради руските пребарувања во невладините организации

Од:

Руските потези против невладините организации, откако истите се окарактеризирани како “странски агенти”, се прошири и на германските политички организации, поради што Германија, очекувано, негодува.

Руски државни обвинители започнаа истраги против организацијата Конрад Аденауер фондацијата (KAS), политичкиот “тинк-тенк” кој е поврзан со германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината конзервативна партија, Христијанско-демократската унија, како и против уште една политичка организација, Фридрих Еберт фондацијата (FES), која пак е поврзана со левиот-центар.

Во московското седиште на (FES), службеници од канцеларијата на јавниот обвинител и даночната управа со часови пребаруваа разни документи, пренесуваат германските медиуми. Седиштето на организацијата Конрад Аденауер, во Санкт Петербург, доби прашалник од 20-ина прашања за настаните и соработниците. Раководителот на (KAS), Ларс Петер Шмид, раскажа за германскиот весник Шпигел дека руските иследници исто така, заплениле компјутер без судски налог.

Набрзо се огласи и германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле, кој рече дека потезите на руските власти против германските организации се “недозволиви”. Портпаролот на неговото министерство изјави за медиумите дека овие активности би можеле да имаат “трајни последици врз билатералните односи.”

Од минатиот четврток, пребарани се преку 2000 канцеларии на различни невладини организации во Русија. Во понеделникот на ред дојде и канцеларијата на Амнести интернешенел за да се провери дали организацијата работи во согласност со законот.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија