Германија: Член на владејачката ЦДУ користел нацистички поздрав, па поднел оставка

Од:

Членот на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Каи Мехлис денеска сам ја напушти партијата, откако беше соочен со исфрлање од неа поради поврзаност со екстремната десница и употреба на забранетиот нацистички поздрав „Sieg Heil“.

Мехлис е обвинет дека во порака на социјалните мрежи во 2016 година напишал „Sieg Heil“, извик кој го користеле нацистите. Користењето на фразата е забрането во Германија и се казнува со парична или затворска казна.

„Во ЦДУ такви изрази се недозволени,“ изјави Холгер Стахнехт, вршител на должност претседател на ЦДУ за сојузната покраина Саска-Анхалт.

Партијата против Мехлис покрена постапка за исфрлање од нејзините редови, но тој денеска сам ја напушти.

Употребата на „Seig Heil“, кој се нарекува „Германски поздрав“ и „Хитлеров поздрав“, како и други нацистички симболи, се казнува со казна и до пет години затвор. Забранети се и други варијанти на тој поздрав, како „Испраќам Германски поздрав“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија