Германија: Член на владејачката ЦДУ користел нацистички поздрав, па поднел оставка

Од:

Членот на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Каи Мехлис денеска сам ја напушти партијата, откако беше соочен со исфрлање од неа поради поврзаност со екстремната десница и употреба на забранетиот нацистички поздрав „Sieg Heil“.

Мехлис е обвинет дека во порака на социјалните мрежи во 2016 година напишал „Sieg Heil“, извик кој го користеле нацистите. Користењето на фразата е забрането во Германија и се казнува со парична или затворска казна.

„Во ЦДУ такви изрази се недозволени,“ изјави Холгер Стахнехт, вршител на должност претседател на ЦДУ за сојузната покраина Саска-Анхалт.

Партијата против Мехлис покрена постапка за исфрлање од нејзините редови, но тој денеска сам ја напушти.

Употребата на „Seig Heil“, кој се нарекува „Германски поздрав“ и „Хитлеров поздрав“, како и други нацистички симболи, се казнува со казна и до пет години затвор. Забранети се и други варијанти на тој поздрав, како „Испраќам Германски поздрав“.

Би можело да ве интересира

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД