Германија: Ако запишете дете во училиште, ќе добиете 500 евра

Од:

Родители кои што ќе ги запишат своите деца во едно училиште во Германија ќе добијат 500 евра, бидејќи училиштето се „бори“ да не биде затворено, поради мал број на ученици.

Парите се наменети за упис на децата од 10 до 11 години, кои ќе бидат запишани во училиштето, во градот Шпејер.

Училиштето до крајот на февруари треба да има запишано најмалку 51 ученик, во петто одделение.

-Не гледам што е неморално во оваа иницијатива – изјави директорот на училиштето, Јирген Вебер, наспроти критиките што кружат во градот.

Тој додаде дека е обичај на учениците и родителите да им се пружи поддршка, при купување на училишен материјал.

Градоначалникот на Шпејер, Рудолф Бекер потврди дека оваа премија е „шлаг на торта“ и доколку во училиштето се запишат 100 деца, на сите ќе им бидат исплатени по 500 евра.

Регионалната училишна власт сепак нагласи дека финансиите не треба да бидат пресудни за избор на училиште.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија