Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

Од:

Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина од 200 километри на час и на минусни температури. Но сепак, човекот преживеал, соопшти германската полиција.

Патниците го слушнале крикот на 33-годишниот човек и, како што пренесува ФЕНА, биле во состојба да ја повлечат итната сопирачка, овозможувајќи му да влезе во возот. Тој потоа е предаден во станица во Есен и бил „недвосмислено информиран од страна на Федералната полиција во каква смртна опасност бил во тој миг”.

Имал среќа што преживеал, но сега е под истрага за ризично однесување во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски