Германците се уште чуваат 12,9 милијарди германски марки

Од:

Германците поседуваат 12,9 милијарди германски марки, иако валутата е заменета со еврото, соопшти Германската централна банка, додавајќи дека тоа е еквивалент на 6,6 милијарди евра.

Според Германската централна банка, носталгијата е главен мотив за зачувување на старите пари.

Германија ја напушти марката во 2002 година, кога влезе во Eврозоната. Бундесбанката започна да ја менува марката за по фиксна стапка од 1,96 марка за евро, а тоа ќе го прави без ограничен временски рок.

Сепак, голем дел од банкноти сепак се уште не се разменети, а поголемиот дел нив се кај општата популација. Се проценува дека Германците поседуваат околу 169 милиони банкноти и 81 милиони монети, што во просек доаѓа по 82 евра по човек.

Според последната анкета која ја спроведе институтот Емид, на барање на „Постбанк“, 74 отсто од Германците ја држат марката во своите џебови бидејќи за нив има сентиментална вредност. Околу 24 отсто изјавиле дека својата заштеда ја чуваат во старата валута, додека 22 отсто едноставно заборавиле да направат конверзија.

Мета

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија