Германците повеќе се плашат од Трамп одошто од Путин

Од:

Германските граѓани се повеќе загрижени од политиките на претседателот на САД Доналд Трамп одошто од рускиот претседател Владимир Путин покажува анкетата објавена денеска од страна на германскиот јавен телевизиски сервис ЦДФ.

Резултатите од истражувањето спроведено на 15 и 16 февруари покажуваат дека Ангела Меркел која што бара нов мандат за канцелар на изборите во септември треба да внимава на незадоволството од Трамп меѓу гласачите во Германија.

Дури 78 отсто од Германците или 16 отсто повеќе од јануари се загрижени од однесувањето на Трамп на глобалната политичка сцена. За споредба во политките на Путин загрижени се 58 отстоод гласачите, а 40 проценти немаат големи грижи околу актуелната руска политика.

Колку политиките на Трамп имаат влијание на германските политички состојби покажува и резултатот од анкетата, според кој партијата СПД чиј што кандидат за канцелар Мартин Шулц отворено го критикуваше Трамп како безбедносна закана е поприфатлив за јавноста од Меркел, а неговата партија за само еден месец добила 6 отсто поголема поддршка.

Сега ЦДУ/ЦСУ има 34 отсто рејтинг или 2 отсто помалку од јануари наспроти 30 проценти за СПД. Во јануари разликата во рејтингот меѓу двете најголеми германски партии била 36 отсто наспроти 24 проценти во корист на сестринскиот блок ЦДУ/ЦСУ на Ангела Меркел.

Според анкетата довербата во партијата „Левица“ паднала за 3 отсто и сега е на ниво од 7 отсто, а намалување на рејтингот има и кај „Зелените“ и кај антиимигрантската „Алтернатива за Германија“ кои што сега имаат 9, односно отсто доверба кај гласачите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“