Германците им веруваат на САД исто колку и на Русија

Од:

Истражување на јавното мислење во Германија покажува дека Германците сега на САД им веруваат исто колку и на Русија.

Според анкетата, спроведена на 30 и 31 јануари на репрезентативен примерок од 1.006 лица, довербата на германската јавност во САД е драстично намалена откако Доналд Трамп стана американски претседател.

Резултатите на анкетета на агенцијата Инфратест, што ги објави телевизијата АРД, покажуваат дека само 22 отсто од Германците им веруваат на САД како на вистински партнер. За споредба, во анкетата спроведдена во ноември минатата година пред американските избори, дури 59 отсто од Германците сметаа дека САД е доверлив партнер.

Довербата во Русија како партнер е слична како таа кон САД – околу 21 отсто, а само четири проценти од испитаниците сметаат дека Турција е доверлив партнер на Германија.

Околу 80 отсто од испитаниците сметаат дека членките на ЕУ треба да ги подобрат меѓусебните врски за да формираат фронт против Трамп, а околу две третини сметаат дека надворешната полтика на САД ќе ја погоди германската економија.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала