Германците го одобруваат начинот на кој Меркел управува со кризата во Кипар

Од:

Најновото истражување во Германија покажа широко одобрување на Германците на политиката на канцеларот Ангела Меркел во однос на управувањето со кризата во Кипар, по потпишувањето на спасувачката спогодба, пренесоа американските медиуми.

Истражувањето покажа висока лична популарност на Меркел пред изборите во септември.

Цврстото справување на Меркел со должничката криза одамна е популарно меѓу Германците во земјата, иако членови  на нејзината десноцентристичка коалиција изразуваат загриженост  во врска со спасувањето на земјите од еврозоната, западните во криза, а многумина во овие држави негодуваат против условите што им се поставени.

Според истражувањето направено меѓу 1002 лица, во вторникот и средата, а по нарачка на телевизијата А Ер Де, 65 проценти од Германците се согласуваат дека Меркел „правилно и решително постапувала во кризата со еврото”.

Педесет проценти од испитаниците сметаат дека е правилно инвеститорите и вложувачите во Кипар да учествуваат во спасот на земјата од банкрот.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија