Германците бараат орден за Сиријците што го предадоа терористот Ал Бакр

Од:

По интернет петицијата со која се бара Германија да им се оддолжи на тројцата Сиријци кои што го фатија и го предадоа на полицијата осомничениот терорист Џабер Ал Бакр кој планирал терористички напад и политичарите бараат соодветна награда за „хероите“.

„Младите луѓе заслужуваат федерален орден за заслуги. Тоа што го сторија тие е доказ за нивната длабока почит за земјата домаќин, тешко е да се замисли поголема интеграција. Ова е вистински пример“, изјавил за германските медиуми Јоханес Карс експерт за безбедност на Социјал Демократската партија (СПД), пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Весникот Билд кој што тројцата Сиријци ги нарекува херои прашува дали тие експресно ќе станат германски државјани поради својата соработка со германските власти при фаќањето на опасниот терорист во чиј стан полицијата најде експлозив од истиот вид со кој беа извршени нападите во Брисел и Париз.

Тројцата Сиријци кои најпрвин го примиле Ал Бакр во својот дом за потрагата по него дознале од информациите на арапски јазик објавени на Фејсбук издадени од полицијата во Саксонија по што еден ја информирала полицијата а другите двајца го чувале за да не избега.

Идентитетот на тројца Сиријци иако тие се појавуваат на медиумите се уште е непознат поради страв дека тие за своето дело ќе бидат мета на Исламската држава. Во изјава за телевизијата РТЛ еден од нив со име Мохамед А. откри дека Ал Бакр им понудил голема сум пари за да го ослободат.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт одговарајќи на прашањето дали владата размислува да им даде орден за заслуги на тројцата Сиријци вели дека владата е благодарна за нивните постапки но топката ја префрли на претседателот на Германија Јоаким Гаук кој што има уставно овластување за таков чекор.

Мартин Шефер, портпаролот на германското минситерство за надворшени работи кое кога се во прашање странски државјани има право да поведел иницијатива за доделување на медал вели дека во МНР има „позитивен поглед на идејата“.

По минатогодишните терористички напади во Париз, Франција му додели државјанство на Ласана Батили од Мали кој спаси десетина животи за време на нападот во еврејскиот супермаркет во Париз. Тројца американски државјани кои спречија терористички напад во воз добија орден на честа од француската држава.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ