Генералот Прајут Кан-ока именуван за преоден премиер на Тајланд

Од:

Шефот на тајландската воена хунта, која изврши државен преврат на 22 мај годинава, денеска е именуван за претседател на преодната влада на Тајланд. Шеесет годишниот генерал  Прајут Ван-ока ќе ја води политиката на Тајланд најмалку до октомври идната година, ако го оддржи ветувањето дека до тогаш ќе бидат организирани општи избори.

Именувањето на генерал Прајут е извршено на првата работна седница на ново воспоставеното Национално законодовно собрание. Повеќе од половината од 200 членови на ова собрание, кое треба да го донесе и новиот привремен Устав на Тајланд, се припадници на армијата и полицијата.

Генералот Прајут Кан-ока, по педесет и три години, е првиот премиер кој доаѓа од армиските редови. Во воен удар во 1957 година за премиер беше назначен маршал на тајландската армија Сарит Танарат, кој воведе диктатура и беше срушен  по масовните протести и крвави пресметки во Бангкок и повеќе други градови во државата.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога