Шефот на тајландската воена хунта, која изврши државен преврат на 22 мај годинава, денеска е именуван за претседател на преодната влада на Тајланд. Шеесет годишниот генерал Прајут Ван-ока ќе ја води политиката на Тајланд најмалку до октомври идната година, ако го оддржи ветувањето дека до тогаш ќе бидат организирани општи избори.
Именувањето на генерал Прајут е извршено на првата работна седница на ново воспоставеното Национално законодовно собрание. Повеќе од половината од 200 членови на ова собрание, кое треба да го донесе и новиот привремен Устав на Тајланд, се припадници на армијата и полицијата.
Генералот Прајут Кан-ока, по педесет и три години, е првиот премиер кој доаѓа од армиските редови. Во воен удар во 1957 година за премиер беше назначен маршал на тајландската армија Сарит Танарат, кој воведе диктатура и беше срушен по масовните протести и крвави пресметки во Бангкок и повеќе други градови во државата.