Генералот Прајут и формално нов премиер на Тајланд

Од:

Шефот на воената хунта на Тајланд, генералот Прајут Кан-ока  денеска ја доби формалната псмена поддршка на кралот на Тајланд, со што и формално стана 29 премиер на државата. Генералот Прајут, роден 1954 година, беше на чело на тајландската армија која изврши државен удар на 22 мај годинава и ја симна од власт Јинглук Шинаватра,која беше премиер две години.

Во денешното обраќање до јавноста новиот премиер рече дека владата, што треба да има 35 министри, ќе ја состави најкасно до почетокот на октомври. Се уште активниот генерал Прајут побара поддршка од сите политички партии и медиуми и вети дека по една година и три месеци Тајланд повторно ќе добие цивилна власт.

Денеска се огласи и сменетата премиерка Шинаватра која од нејзините симпатизери побара да им помогнат на генералот Прајут и неговата преодна влада во остварување на ветувањата за воспоставување на мир и стабилност во Тајланд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач