Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која го осуди режимот на Асад

Од:

Генералното собрание на Обединетите нации усвои денеска резолуција за Сирија, со која го осуди режимот на претседателот Башар ал Асад и ја призна опозицијата како страна, која има важна улога во политичката тртанзиција.

Резолуцијата, изготвена од Саудиска Арабија и Катар, со поддршка на Западот ја поддржаа 107 земји-членки. Дванаесет, меѓукои и Русија гласаа „против“, а 59 беа воздржани.

Резултатот од гласањето за овогодишната резолуција е различен од минатогодишното гласање, кога резолуцијата за Сирија беше усвоена со 133 гласови „за“.

Според дипломатите на ОН падот на поддршката за денешната резолуција го покажува растот на загриженоста поради неединството на бунтовничките групи во Сирија, кои се борат против силите на Асад во двегодишната граѓанска војна.

Во документот се бара од двете страни во конфликтот, во кој досега загинаа 80 илјади лица, итно да го прекинат насилството, а во земјата да бидат воведени демократски политички реформи.

Сириската Влада е повикана да го олесни политичкиот дијалог и да почне премин кон демократско општество.

Генералното собрание на ОН го „поздравува создавањето на национална коалиција“ на опозицијата и ја оцени како ефикасна и неопходна страна за политичката транзиција“.

За разлика од резолуциите на Советот за безбедност на ОН, одлуките на Генералното собрание немаат задолжителен карактер.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години