Генералното собрание на ОН ќе заседава за украинската ситуација

Од:

Генералното собрание на Обединетите нации ќе заседава денеска за украинската ситуација, откако Русија ја призна независноста на двете самопрогласени републики во источна Украина.

Станува збор за пленарна седница, што значи дека сите членови може да бидат присутни, јави Би-Би-Си.

Кризата околу Украина ескалираше изминатите денови, по потпишувањето на рускиот претседател, Владимир Путин, декрети за признавање на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“.

Медиумите потсетуваат дека рускиот Парламент му дозволи на Путин да употреби воена сила надвор од Русија, поради што Западот стравува дека Москва планира целосна инвазија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната