Генералното собрание на ОН изгласа резолуција против шпекулации за вакцината за коронавирусот

Од:

Сите земји членки на Генералното собрание на ОН синоќа гласаа за резолуција која повикува забрана на секакви пазарни шпекулации поврзани со вакцината за коронавирус. Иако вакцина се уште нема, и се очекува да биде создадена.

Притоа документот повикува на брз развој на лекови, вакцини и медицинска опрема за да се порази пандемијата и ја истакнува клучната улога на Светската здравствена организација (СЗО) во борбата со болеста.

САД минатата недела го прекинаа финансирањето на СЗО поради незадоволство на Администрацијата во Вашингтон со работата на оваа организација во спречување на пандемијата.

САД донираат околу 400 милиони долари годишно на СЗО, или 15 отсто од вкупниот буџет на оваа организација кој изнесува 4.5 милијарди долари.

Според последните информации, на глобално ниво од коронавирус инфицирани се речиси 2.5 милиони луѓе, а повеќе од 170 илјади починале.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

ОН: Најмалку 183 украински цивили загинаа во руските напади во октомври

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Експерт на ОН предупреди дека обновата на Газа може да потрае 80 години

ВИДЕО: Израелците со тенкови упаднале на позициите ОН во Либан, 15 мировници повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски