Генералниот секретар на ОН се сретна со лидерот на сириската опозиција

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун синоќа за првпат се сретна со лидерот на сириската опозиција Ахмед Џарба со цел да го охрабри да учествува во следната мировна конференција за Сирија.

Џарба изразил уверување дека Сириската национална коалиција е подготвена да испрати своја делегација на конференцијата, што се очекува да се одржи во ноември во Женева, изјави портпаролот на Генералниот секретар Мартин Несирки.

Бан, исто така, го повикал Џарба да разговара и со останатите опозициски групи и да се договорат за испраќање заеднички претставници, односно една делегација.

Некои исламистички организации, кои влегуваат во Слободната сириска армија, сепак не ја признаваат Сириската национална коалиција со седиште во странство за свој претставник.

Генералниот секретар на ОН, претходно објави дека конференцијата за Сирија се очекува да се одржи кон средината на ноември.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години